БАЕРН НЕМА ГОЛМАНИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ АТАЛАНТА
Објавено на: 16.03.2026
Неверојатен заплет на настаните се случува во Баерн Минхен пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Баварскиот гиган2, верувале или не остана без сите голмани.
Најновиот проблем се појави на натпреварот против Баер Леверкузен, кога Свен Улрих заработи повреда односно кинење на мускулно влакно и веднаш отпадна од комбинација за дуелот со Аталанта.
Ситуацијата оваа повреда дополнително го искомплицира изборот на Компани, бидејќи првиот голман Мануел Нојер е надвор од терените поради повреда, додека младиот Јонас Урбиг не може да настапи бидејќи заработил потрес на мозокот на првиот натпревар од осминафиналето.
Проблемите тука не завршуваат. Дополнителен удар за Баерн е и повредата на голманот од младинската екипа Леон Кланац, што ја влоши и онака драматичната ситуација.
Поради сето ова, германскиот клуб е принуден да се сврти кон петтиот избор. Според информациите, Баерн ќе го повика 16-годишниот Леонард Прескот, резервен голман на тимот до 19 години.
Младиот чувар на мрежата е висок 1,96 метри и досега настапуваше само во младинските категории, но сега може да се најде во составот за еден од најважните натпревари на сезоната.
Ако навистина добие шанса, тоа би било едно од најнеобичните дебија во историјата на Лигата на шампионите, тинејџер голман кој од младинскиот тим директно се наоѓа во составот на европски гигант во нокаут-фаза од натпреварувањето.