МОЖЕ ЛИ КЛОП ДА ГО НАМАМИ ЛЕВАНДОВСКИ?
Објавено на: 16.09.2021
Силна шпекулација одекна на полноќ, по завршувањето на првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Шпанските медиуми, поточно Fichajes најави сензација која би требало да се случи меѓу Ливерпул и Минхен, со наслов „Левандовски“.
Полскиот напаѓач е најдобрата европска деветка во моментов, а Јурген Клоп го тренираше Роберт во редовите на Борусија Дортмунд, што значи двајцата имаат блиска релација и одлично се познаваат и како професионалци, но и како карактери.

Германскиот стратег веќе им најавил на челниците на клубот од Енфилд, дека тоа е неговата примарна цел за следното лето. Реалност, или пуста желба?