КОЈ БЕШЕ ВИНОВЕН ЗА СУДАРОТ, КОЈ ЌЕ ИЗДРЖИ ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА?
Објавено на: 16.09.2021
Војната меѓу Ред Бул и Мерцедес продолжува и вон патеките, двата најголеми конкурента не бираат средства да дојдат до што подобра позиција и за време на натпреварите, но и кај јавноста.
Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко жестоко ги нападна конкурентите:
Тоа беше една сосема вообичаена несреќа при возење болиди, а од Мерцедес преувеличуваат дека Хамилтон се здобил со некакви сериозни повреди. Ферстапен веќе го заобиколи Хамилтон кој се обиде да се извлече од ситуацијата.
Докторите видоа и веќе се тргнаа кога почна претставата дека Хамилтон одеднаш е повреден.
Во 26-тиот круг на Монца, двајцата возачи се судрија и ја завршиа трката. Во генералниот поредок води Ферстапен пред Хамилтон, на 8 трки до крајот на првенството.
