Фудбал

РОНАЛДО СИ ЗАМИНАЛ ОД САУДИСКА АРАБИЈА?

Приватниот авион на Кристијано Роналдо, вреден околу 61 милион фунти, полетал од Саудиска Арабија во текот на ноќта, во момент кога во Ријад биле регистрирани експлозии во близина на американската амбасада.

Американските бази во Саудиска Арабија беа мета на дронови, во голем дел од земјата се огласиле сирените за засолнување, а се очекува и фудбалските натпревари да бидат одложени односно прекинати.

Според податоците од системите за следење летови, авионот „Бомбардиер Глобал Експрес“ летал речиси седум часа, по што слетал во Мадрид.

Засега нема официјална потврда дека заминувањето на авионот е директно поврзано со безбедносната ситуација, ниту пак дали Роналдо лично бил на летот.

Ситуацијата во Ријад останува напната, а надлежните институции сè уште не излегоа со детални информации за инцидентот.