РОНАЛДО ФАЗЛИОВ ОД ДРЕНОВО ПРЕМИНА ВО РОСОМАН
Објавено на: 01.03.2026
ФК Росоман официјално го промовираше своето ново засилување на социјалните медиуми, Роналдо Фазлиов, кој во клубот пристигнува од редовите на ФК Дреново.
Младиот фудбалер ќе биде дел од тимот во продолжението од сезоната, а од клубот изразија задоволство што успеале да го доведат во своите редови. Во Росоман веруваат дека Фазлиов со својата енергија, квалитет и офанзивен потенцијал ќе придонесе за подобри резултати и поголема ефикасност во нападот.
Со особена чест и задоволство му посакуваме добредојде на Роналдо Фазлиов. Му посакуваме многу успешни настапи и многу голови во дресот на нашиот клуб.
Клубот и навивачите очекуваат тој брзо да се вклопи во екипата и да го покаже својот потенцијал на теренот.
Целосната објава од ФК Росоман можете да ја прочитате на линкот во продолжение.
ФК Росоман настапува во третата македонска лига.