Фудбал

НОВА ГАЛАКТИКОС ЕРА ВО 2022

Најтрофејната европска екипа им удрила пик на трите големи (млади) фудбалски ѕвезди, кои ќе бидат главниот таргет за цела Европа во летото 2022-ро, со оглед на тоа што им истекуваат договорите со актуелните екипи, односно се отвора можност за премин во друга средина по евентуална желба на играчите.

Клубовите имаат право уште во јануари да преговараат и да потпишуваат преддоговори, што најверојатно ќе се случи меѓу Реал Мадрид и Килијан Мбапе од ПСЖ. Со Пол Погба ситуацијата во Манчестер Јунајтед е иста, додека Eрлинг Хaланд од Борусија Дортмунд има клаузула за заминување која ќе се активира следното лето.

Првата „галактикос“ ера ја одбележаа потписите со Зинедин Зидан, Луис Фиго, Роналдо, Дејвид Бекам, Мајкл Овен, Робињо и Серхио Рамос. Галактикос екипата од првиот мандат на Флорентино Перез на чело на Кралскиот клуб почна со потписот на Фиго, а заврши со заминувањето на Бекам во 2007-та.

Имаше обид да се формира и втора Галактикос екипа во 2009-та, која од маркетиншки и резултатски аспект беше многу поразлична и траеше до 2018-та година, со потписите на Рикардо Изексон Кака, Карим Бензема, Кристијано Роналдо, Чаби Алонсо, Анхел Ди Мариа, Лука Модриќ, Герет Бејл и Хамес Родригез.