Фудбал

РЕАЛ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ТРКАТА ЗА МБАПЕ?

Кралскиот клуб нема намера да ја продолжува трансфер-агонијата во обидот да го добие францускиот интернационалец. Мадриѓаните се подготвени да чекаат до јануари.

Флорентино Перез очајно сака да го ангажира Мбапе, постави ултиматум со 170+10 милиони евра понуда, но ПСЖ воопшто не изреагира на вториот бид. Во зимскиот рок, Реал има право да потпише преддоговор со играчот.