КОНСЕИСАО ОТКРИ ЗОШТО ПУШЕШЕ ПУРА ПО ПОБЕДАТА НАД ИНТЕР
Објавено на: 22.12.2025
Краткиот мандат на Серџо Консеисао во Милан започна на спектакуларен начин, со победа над Јувентус и драматичен пресврт против Интер за освојување на Суперкупот на Италија. Но покрај трофејот, најмногу внимание привлече неговиот танц со запалена пура во соблекувалната и „Данца кудуро“.
Oi, oi, oi 🕺#InterMilan #SempreMilan pic.twitter.com/4sU4tnqwMz
— AC Milan (@acmilan) January 6, 2025
Сцената во која Консеисао танцува и слави со играчите брзо стана вирална, а сега поранешниот тренер на росонерите откри дека сè било однапред договорено.
Тоа беше ветување за моите играчи.
објасни Консеисао за Газета дело спорт.
Играчите гледале видеа додека бев во Порто и ме замолија да запалам пура ако победиме. Истото го имам направено 11 пати со Порто по освојување трофеи, повеќе од било кој друг тренер. Затоа го повторив.
Португалецот призна дека стартот во Милан бил исклучително емотивен. Интензивна видео анализа, мотивациски говори и две големи победи, прво против Јувентус, клубот каде настапува неговиот син, а потоа и против Интер.
По победата над Интер, се расплакав.
Иако неговиот престој на Сан Сиро траеше кратко, моментот со пурата остана како симбол за совршен почеток, но потоа и користен од ривалските фанови за секој пораз на Милан во сезоната во која на крај заврши на 9 место.