АРСЕНАЛ ПРОТИВ „БОЖИЌНАТА КЛЕТВА“, ДАЛИ СЕЗОНАВА ЌЕ БИДАТ ШАМПИОНИ?
Објавено на: 21.12.2025
Арсенал уште еднаш ќе го дочека католички Божиќ на врвот на табелата во Премиер лигата, но историјата покажува дека тоа често е лош знак за „топчиите“.
Иако лидерската позиција на 25 декември традиционално се смета за добар показател за освојување на титулата, Арсенал е исклучок од правилото.
Ова е петти пат од 1992 година лондонскиот клуб да биде прв на Божиќ, но во ниту еден од претходните случаи не успеал да ја освои титулата на крајот од сезоната. Последен пат тоа се случи во сезоната 2023/24, кога повторно останаа без трофеј во мај.
Статистиката вели дека 17 од 32 клубови кои биле лидери на Божиќ подоцна станале шампиони. Клубови како Челси, Манчестер Сити и Блекбурн секогаш ја користеле таа позиција за освојување на титулата, додека Манчестер Јунајтед и Ливерпул имаат и успеси и неуспеси во вакви ситуации.
Арсенал останува единствениот клуб кој повеќепати бил прв на Божиќ, а никогаш не станал шампион. Дополнителна загриженост за навивачите е и фактот што Манчестер Сити во минатото успевал да ја освои титулата и кога на Божиќ бил далеку од врвот.
Еве мало потсетување од сезоната 2008/2009, па се до ланската.
2008/09
Божиќ: Ливерпул
Шампион: Манчестер Јунајтед
2009/10
Божиќ: Челси
Шампион: Челси
2010/11
Божиќ: Манчестер Јунајтед
Шампион: Манчестер Јунајтед
2011/12
Божиќ: Манчестер Сити
Шампион: Манчестер Сити
2012/13
Божиќ: Манчестер Јунајтед
Шампион: Манчестер Јунајтед
2013/14
Божиќ: Ливерпул
Шампион: Манчестер Сити
2014/15
Божиќ: Челси
Шампион: Челси
2015/16
Божиќ: Лестер
Шампион: Лестер
2016/17
Божиќ: Челси
Шампион: Челси
2017/18
Божиќ: Манчестер Сити
Шампион: Манчестер Сити
2018/19
Божиќ: Ливерпул
Шампион: Манчестер Сити
2019/20
Божиќ: Ливерпул
Шампион: Ливерпул
2020/21
Божиќ: Ливерпул
Шампион: Манчестер Сити
2021/22
Божиќ: Манчестер Сити
Шампион: Манчестер Сити
2022/23
Божиќ: Арсенал
Шампион: Манчестер Сити
2023/24
Божиќ: Арсенал
Шампион: Манчестер Сити
2024/25
Божиќ: Ливерпул
Шампион: Ливерпул
2025/26
Божиќ: Арсенал
Што типуваш сезонава?