Кошарка

КАКО ОБРАДОВИЌ ГИ БИРА ИГРАЧИТЕ?

Најтрофејниот европски стратег, се врати во Белград каде играше и каде стана тренер, каде во првата сезона ја покори Европа и оттогаш не престана да ја покорува. Зборуваше за неговите мотиви при регрутацијата на играчите:

Зоран (Савиќ, директор) ми донесе список, ги гледавме имињата, имаше 20 играчи. Јас го избрав овој дечко, Јам Мадар (20). Зошто јас инсистирав и го убедив младиот Алекса Аврамовиќ (26), да дојде во Партизан?

Сакав да направам тим со играчи гладни за успех, екипа желна за кошарка, играчи кои ќе уживаат во кошаркарската игра. Зек ЛеДеј (27) на првиот тренинг ми пoкажа дека е токму таков играч, каков што сакам да биде.

Обрадовиќ нема писмен договор со Партизан, се уште работи со џентлменски подадена рака. ЛеДеј дојде од Армани, потег оценет како лудост од страна на пошироката јавност. Има ли скриена порака во потезите на Жељко?