Фудбал

МАНЧЕСТЕР СИТИ ГО САКА РОНАЛДО ЗА ЏАБЕ?

Клубот на Пеп Гвардиола или сака да ја минимизира вредноста на португалскиот ас, со оглед на тоа што неговиот пулен Меси замина од неговата Барселона за џабе во ПСЖ, но откако му истече договоорт, или, едноставно не сака да го купи Кристијано Роналдо.

Кориере Дело Спорт јавува дека сините го сакаат се уште најдобирот играч на денешницата, но само ако не платат отштета за него. Со оглед на тоа дека договорот на Роналдо се уште му е активен, ова е огромен гест на непочитување кон неговиот лик и дело во фудбалот.

Од друга страна, Рахим Стерлинг веќе се подготвува да биде жртвуван и продаден со цел да се отвори простор за напаѓачот на Јувентус, кој се прослави во Манчестер Јунајтед и во Реал Мадрид, каде ги урна сите можни реални и релевантни рекорди на светскиот фудбал.

Катастрофалната трансфер-политика на Манчестер Сити летово беше поразена од Тотенхем, кој успеа да го задржи Кејн и од ПСЖ, кој „им го лапна“ пред нос бесплатниот Лионел Меси. Дали челниците на англискиот шампион ќе успеат да го ангажираат Роналдо?