ЗОШТО ЛЕЈКЕРС НЕ СЕ ПРВ ФАВОРИТ ЗА ТИТУЛАТА?
Објавено на: 26.08.2021
Престижниот американски медиум ЕСПН има своја табела, на која ги рангира екипите според учиноците во различни фази од сезоната. Според сработеното во претсезоната, ЕСПН ги рангира Лејкерс на третата позиција на табелата на фаворити за титулата.
По ангажманот на Расел Вестбрук, враќањето на Двајт Хауард и потписот со ветеранот Кармело Ентони, има две поделени мислења за вредноста на Лејкерс – едното е дека тоа е елитна колекција на 6 потенцијални хол-оф-фејмери, додека другото е дека тоа е екипа „со рок на траење“ со оглед на просечната возраст од 31.8 години.
Прв фаворит на ЕСПН е екипата на Бруклин Нетс, која ги донесе Пети Милс и Џејмс Џонсон, но која ќе влезе во новата сезона рехабилитирана и здрава. Втор фаворит е актуелниот шампион Милвоки, а зад ЛА Лејкерс се финалистите Фениск Санс.
