Фудбал

ШТО МУ НУДИ РЕАЛ НА МБАПЕ, ШТО ПСЖ НЕ МОЖЕ?

Француската ѕвезда е во центарот на вниманието на преодниот рок, кој ќе трае до 1-ви септември. Во ПСЖ дојде Лионел Меси од Барселона, се најавува и доаѓање на Кристијано Роналдо од Јувентус.

Парискиот тим веќе има состав кој според имињата е страв и трепет во споредба со сите останати, но се она што беше сработено во преодниот рок, треба да се претвори и во резултатски успех.

ПСЖ му нуди на Килијан екстензија на договорот кој истекува следното лето, парите не се проблем. Но, Реал Мадрид е ретка шанса за Мбапе, за остварување на детските сништа и нивно надминување.

Французинот сака да си оди, ПСЖ не го пушта за (само) 160 милиони евра, Реал тактизира со оглед дека преодниот рок полека истекува, ПСЖ ризикува со незадоволна ѕвезда и немир во соблекувалната…