ТОТЕНХЕМ РАСКИНУВА СО БИСУМА ПОРАДИ БАЛОН СО ХЕЛИУМ?
Објавено на: 07.12.2025
Една година подоцна откако беше суспендиран од Тотенхем поради снимање на видео како вдишува хелиум од балон, Ив Бисума повторно го повтори „делото“ и сега се наоѓа на излезни врати од клубот.
Тотенхем отвори интерна истрага за видеото кое се појави во јавноста, кое наводно Бисума го пратил на девојка поканувајќи ја на приватна забава. Според наводите, видеото е снимено на трети ноември, а во меѓувреме Бисума избриша се што е поврзано со Тотенхем на социјалните медиуми.
Таа го проследила ова видео до The Sun, кои го објавија во јавност, интервјуирајќи ја девојката.
Не ми се веруваше дека повторно го прави тоа, откако лани беше суспендиран за иста ситуација.
Лани во август, Тотенхем парично го казни Бисума и го суспендираше на неколку натпревари поради снимање и објава на Snapchat. Според некои истражувања, вдишување на хелиум може да доведе до депресија, губење на меморија, халуцинации и други проблеми поврзано со нервниот систем. А претпоставуваме дека Тотенхем на толку големи плати не сака играч да отсуствува поради вдишување на хелиум.
Видеото е подолу, а во следните денови ќе видиме какви ќе бидат акциите на лондонскиот клуб кон играчот од Мали.
Why didn’t this silly goose tell us it was his birthday? 🎈 Happy birthday! @Yves_Bissouma pic.twitter.com/RplxjAv9hI
— Joe (@totnumjoe) December 6, 2025