Фудбал

СЛОТ: НЕ ЗНАМ ДАЛИ САЛАХ ПОВТОРНО ЌЕ ЗАИГРА ЗА ЛИВЕРПУЛ

Драмата во Ливерпул продолжува и понатаму, а очекувано случувањата се поврзани на релација Мохаме Салах – Арне Слот и управата на црвените. На денешната прес конференција пред утрешното гостување на Сан Сиро против Интер, Арне Слот брутално искрен најави дека египетскиот интернационалец можеби повеќе нема да заигра за Ливерпул.

Речиси сите прашања за Холанѓанецот денес беа поврзани со Салах, кој во саботата се пожали дека се чувствува како да е фрлен под автобус од страна на тренерот. На тоа, Слот одговори:

Не знам на што мислеше со таа изјава, веројатно ќе треба да го прашате него. Денес тој не допатува со нас бидејќи пред саботата јас и тој имавме долги разговори, не мислев дека тоа го мисли за мене иако има право да се чувствува како што опиша.

Слот продолжи:

Не очекував и изненаден бев. Но како што кажав, ова нема да биде ни прв ни последен пат како Салах нема да игра во црвен дрес. Мојата реакција на неговата ја видовте, тој денес не е со нас. Јас како тренер морам да барам солуции кога на тимот не му оди добро. Поради тоа на сметка на нападот ставив уште еден играч во средниот ред, со Вест Хем победивме, со Сандерленд ремизиравме, а со Лидс решив да играм друга формација. Мо можеше да игра место Екитике, но решив Екитике да почне.

И на крај, следеше најинтересно и воедно најшокотно откритие. На прашањето дали Салах ги одиграл последните минути во дресот на Ливерпул, Слот одговори:

Не знам, не би можел да дадам одговор на тоа прашање во моментов.