НОВ ПРЕДЛОГ ТИКЕТ НА КОЛОТО ОД ИГОР ТРПЕСКИ
Објавено на: 05.12.2025
Дождот денес можеби ќе донесе бериќет кај мене и кај вас. За да се пробаме, подготвив нов предлог тикет за колото кое доаѓа, одиграв 5 пара, а еве го и моето размислување зошто.
ИНТЕР vs КОМО: 1
Интер игра против незгодниот Комо кој нема пораз 12 натпревари по ред, но според мене доаѓа и крајот на таа серија. Интер дома во дерби натпреварите е речиси 100% посветен на победа, па затоа ги играме сигурен 1, а во Златна Копачка има и супер коефициент за тоа.

ЛАЦИО vs БОЛОЊА: 1X & 2+
Лацио игра против Болоња на Олимпико во мини дербито на колото. Лацијалите се во добра форма, истото важи и за Болоња и покрај поразот од Кремонезе во претходното коло, но не очекувам домаќините да загубат. Дополнително, верувам дека мрежите нема да мируваат, па затоа за подобар коефициент ќе пробам 1Х и 2+.
ТОТЕНХЕМ vs БРЕНТФОРД: Т1 2+
Лондончани играат топло ладно, но головите не им недостигаат. Затоа ќе пробам Т1 2+ со Брентфорд, иако многу сум сигурен дека би можеле да ја играме и чист 1.
ЛИДС vs ЛИВЕРПУЛ: 1-3 & 1-3
Очекувам Ливерпул повторно да прими гол, но и да дадат, па затоа за поголем коефициент ќе пробам 1-3 во прво и 1-3 во второ. Лидс ќе дојде осоколен по перформансот против Сити, па очекувам напаѓачки да играат од првата минута, исто како и гостинот на кој очајно му треба победа по резилот против Сандерленд во средата.
БЕТИС vs БАРСЕЛОНА: ГГ
Барселона гостува кај Бетис, кои по победата од Севиља ќе одат на нови бодови против Барса. Гостите играат во добра форма, се вратија на врвот од табелата и за дербито на колото во Шпанија очекувам ГГ.
