СИНЕР ОБЈАСНИ ЗОШТО АЛКАРАЗ Е БРОЈ 1
Објавено на: 05.12.2025
Пред нешто повеќе од три недели заврши „официјалната“ тенис сезона со финалниот мастерс во Торино, а следен термин кога повторно ќе ги видиме со Алкараз е на 10 јануари во Инчеон, Јужна Кореја каде ќе играат меѓусебен егзибиционен натпревар.
Многу новинари го запрашаа зошто во Јужна Кореја, а не директно во Австралија бидејќи првиот Грен слем се игра во јануари, а на тоа Синер одговори:
Никогаш не сум бил во Јужна Кореја и сакам да видам како изгледа земјата. Ова ќе биде посебна прилика да играм пред фановите од тој дел на земјата и секако, добро да се подготвам за првиот Грен слем.
Секако, една од главните причини се и парите, бидејќи егзибиционите натпревари се супер прилика за огромна заработка без многу напор.
На прашањето дали со нетрпение го очекува дуелот со Алкараз, тој додаде:
Секој меч со него е задоволство да се игра, но во исто време и предизвик. Секоја наша средба е ново сценарио, нова приказна.
Синер доби само 6 од 16 натпревари против Шпанецот, но во финишот на сезоната беше непобедлив. Го надигра во Ријад, а потоа и во Торино, продолжувајќи ја добрата форма која го краси од финалето на US Open од почетокот на септември.
Карлос е многу брз, речиси и да нема слабост, тој е најдобриот во светот во моментот. Не е лесно да го однесеш во незгодна позиција на теренот бидејќи се движи секаде и ментално е многу јак. Секој поен го игра како да му е последен и тоа е детал кој го краси постојано.