Кошарка

ДЕФИНИТИВНО: ОБРАДОВИЌ НЕ СЕ ВРАЌА ВО ПАРТИЗАН

Сапуницата околу заминувањето и враќањето на Обрадовиќ се чини дека денес го имаше своето финале и како што гласи на официјалната веб страна на КК Партизан, славниот тренер нема да продолжи со клубот во преостанатиот дел од сезоната.

Црно-белите првично го објавија истото соопштение, по што беше избришано после неколку минути, најавувајќи дека можеби работите ќе се променат. Сепак се чини дека следново кое го пренесуваме на кратко, со акцент на најбитните поенти, ќе остане неизбришано.

Жељко Обрадовиќ ја одби понудата да продолжи со работа во КК Партизан. Досегашниот тренер на црно-белите остана на одлуката и не ја повлече својата оставка со образложение дека не се гледа себеси со сегашниот тим, како и дека секојдневната работа на ова ниво има негативни ефекти на неговото здравје.

Избршниот одбор на КК Партизан во претходните два дена одржи неколку состаноци и консултации, а во петокот и со Жељко Обрадовиќ на тема негово останување во клубот на позицијата шеф на стручниот штаб. На тренерот му беше пружена целосна и недвосмислена поддршка да продолжи со работа и дека ќе бидат направени сите неопходни чекори за да се излезе од кризата во која се наоѓа клубот. Жељко Обрадовиќ се заблагодари на сите за поддршката, но не ја промени одлуката и повеќе нема да биде на досегашната функција во клубот.

Следната недела ќе биде закажана седница на УО на КК Партизан, а потоа и конференција за медиуми. Времето и местото ќе бидат дополнително соопштени.

Пред Арена каде КК Партизан го одработуваше првиот тренинг, настанаа нереди помеѓу фановите и полицијата, а за да се смири ситуацијата излезе и капитенот Вања Маринковиќ да ги смири страстите. Тој им се обрати на разбеснетите „Гробари“, посочувајќи им дека „сите знаат на која страна се играчите“.