ДАЛИ И КОВАЧИЌ БИЛ НА ПРЕСАДУВАЊЕ КОСА ВО ИСТАНБУЛ?
Објавено на: 28.11.2025
Матео Ковачиќ се појави „во јавност“ по повредата со која се здоби во октомври, а неговото појавување збуни многу фанови на Сити пред се, но и оние кои знаат како изгледа хрватскиот играч од средниот ред.
Екс-играчот на Челси, Реал Мадрид, Интер и Динамо Загреб, никако да крене глава од повреди. Летото во пресрет на Светско клупско првенство ја оперираше ахиловата тетива, а откако се врати сезонава одигра само два натпревари и веднаш се повреди. Од тогаш го снема во јавност и се појави пред само два дена, со објава на социјалните медиуми дека му е драго што повторно се враќа на рехабилитација во клупските простории.

Откако ја објави оваа фотографија, почнаа лавина коментари на социјалните медиуми, прашувајќи дали Хрватот отсекогаш ја имал оваа долга и бујна коса или бил на трансплантација во Истанбул. Други на шега напишаа дека Силијан Марфи, ѕвездата од серијата The Peaky Blinders потпишал за Сити.
Очигледно е дека Ковачиќ го променил имиџот и наместо кратката коса, оваа пауза од фудбалските терени ја искористил за промена на имиџот и малку подолга коса. Дали ќе ја задржи, останува да видиме.
А кога сме кај него, како што и кажа Пеп Гвардиола, враќањето негово не се очекува оваа година и доколку се оди според планот тој би требало да биде фит за вториот дел на сезоната. 31 годишниот играч од средниот ред, се надева дека што побрзо ќе почне со тренинзи и натпревари, бидејќи на лето го очекува Светското првенство во САД, Канада и Мексико.