ДАЛИ ИМАШЕ ПЕНАЛ ЗА ЛАЦИО? (ВИДЕО)
Објавено на: 29.11.2025
По победата над Интер со 0:1, Милан вечерва славеше во ново дерби со истиот резултат, но моментот од 90+5 минута ќе се дискутира вечерва и утре низ Италија и насекаде низ светот.
При нафрлена топка, Ромањоли биеше кон голот, но топката беше изблокирана од Павловиќ. Судијата досуди корнер, но доби повик од ВАР собата да ја погледне ситуацијата бидејќи Србинот играл со рака. Пред да ја погледне, судијата му додели црвен картон на Алерги поради протест, а потоа подолго од очекуваното ја гледаше ситуацијата од неколку агли и на крајот пресуди фаул во напад од страна на Марушиќ, кој се наоѓаше пред Павловиќ.
Погледни ја спорната ситуација и пиши ни го твоето скромно фудбалско мислење.