МУ ПОКАЖАА НА СВЕТОТ КОЛКУ ЧИНИ ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ
Објавено на: 25.08.2021
Кој не сака соиграчи како Данците? Кој не сака капитен како Кјаер? Данската репрезентација и првиот меѓу еднаквите, беа наградени од страна на УЕФА поради нивната заедничка реакција во спасувањето на животот на Кристиан Ериксен и заштитата на неговото достоинство и неговата прватност, на последното ЕП.
🏅 This week, Denmark captain Simon Kjær and the medical team that saved the life of Christian Eriksen will receive the 2021 UEFA President’s Award.#UEFAawards
— UEFA (@UEFA) August 24, 2021
Оваа година, оваа награда ги надминува границите на фудбалот. Нека ни служи како вечен потсетник колку е драгоцен животот и нека ни даде јасна слика за животот. – рече Александер Чеферин, претседателот на УЕФА.
Фудбалерот на Милан покажа извонредни и исклучителни лидерски способности, поради што и ја носи „траката“ на раката. Данската национална селекција покажа хуманост и единство, нешто што човештвото се поретко покажува и полека го губи како основна карактеристика.