БАЕРН Е ЛЕКЦИЈА ЗА БАНКРОТИРАНАТА БАРСА?
Објавено на: 25.08.2021
Иако не е официјално пред банкрот, сепак каталонската гордост реално се наоѓа во многу тешка и незавидна финансиска позиција. Проблем на Блауграна се платите на играчите, поради што летово го загуби и најдобриот во историјата, Лионел Меси.
Медиумската кампања со години наназад не учеше дека Барселона е најголемиот клуб во историјата, кој самиот произведува играчи во фамозната Ла Масија, кој не сака спонзор на дресовите, кој е управуван од навивачите преку собрание…

Од друга страна, Баварците се освојувачи на 10 титули по ред во Германија, ја држат состојбата со платите на реално ниво, секогаш ги купуваат најдобрите во Германија и секогаш се ослободуваат од алчните, како што беше случајот со Алаба.
Барањата на агентот и на Алаба беа вон реалноста, затоа тој си замина. Сите играчи кај нас се добро платени и редовно земаат плата, освојуваат титули со нас. Се чудиме како ПСЖ успева со толкави плати да не го пробие финансискиот фер-плеј, но ја следиме ситуацијата. – се зборовите на Оливер Кан, поранешен голман и сега првиот оперативец на Баерн Минхен.
Баерн Минхен има 31-на домашна титула, што е рекорд. Има 6 европски титули колку што има и Ливерпул, една повќе од Барса, една помалку од Милан и 7 помалку од лидерот Реал Мадрид. Барса нема трофеј во ЛШ последните 6 сезони, првиот го освои 92-та, а вториот 2006-та.
As previously announced, #FCBayern have donated €1 million for people in North Rhine-Westphalia and Rhineland-Palatinate whose livelihoods are threatened as a result of the floods at the beginning of July.
— FC Bayern English (@FCBayernEN) August 24, 2021
Германскиот фудбал константно диктира, а Баерн М. со децении наназад е меѓу водечките европски гиганти. Кога челниците грешат во финансиите – одат зад решетки, како на пример Ули Хенес. Кој е поголем и кој е вистиснки „суперклуб“, Баерн или Барселона?