Фудбал

ДОНАРУМА НЕ ПОТПИШАЛ ЗА ПСЖ ЗА ДА СЕДИ НА КЛУПА

Донарума првиот натпревар како играч на ПСЖ го започна од клупата, додека Маурицио Покетино предност му даде на поискусниот Кејлор Навас, но нетрпението кај Италијанецот е се поголемо.

Како што и самиот најави, неговиот трансфер во Париз како слободен играч од Милан е поради фактот што сакал да стане најдобриот голман на светот, а ПСЖ е клуб за такви дострели. Сепак, во неговата изјава се препознава пораката која сака да ја прати до Покетино и ПСЖ.

Јас сакам да бидам еден од најдобрите голмани на светот, а за тоа треба многу трпение и посветеност. Токму и поради тоа дојдов во ПСЖ. Дојдов во Париз за да играм, ПСЖ ме сакаше, а и јас сакав да дојдам тука.

 

На прашањето дали се во добри односи со Кејлор Навас, Италијанецот одговори.

Во секој голем клуб има конкуренција и таа не ме плаши. Кејлор е голем голман, но јас дојдов тука за да играм. Немаме да имаме никакви проблеми, ние сме големи пријатели.