Фудбал

БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ ОСТАНУВА СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА?

Дали навидум е голем пресврт кога е во прашање „сапуницата“ која трае три дена низ македонските медиуми?

Иако многумина веќе најавија од „блиски извори“ дека Боби Милевски повеќе нема да биде селектор на Македонија по истекувањето на договорот, на официјалната Фејсбук страна на ФФМ објавена е неговата изјава за ждребот во баражот.

Данска е извонредно квалитетна репрезентација. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман. Ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот.

Денес се појавија и првите имиња за негови замени, пред се Гоце Седлоски, како и Србинот Марко Николиќ. Сепак, оваа објава демантира многу шпекулации и најавува продолжување на договорот барем до напролет кога го играме дуелот со Данска.