ЧАВИ АЛОНСО БИ ГО МЕНУВАЛ СЕКОГО ОСВЕН МБАПЕ ЗА ЈИЛДИЗ
Објавено на: 24.10.2025
Кралевите се чини дека ја најдоа трансфер метата со која сакаат да направат пеколно дуо во нападот и тоа од таборот на противникот со кого играа пред само два дена.
Според италијанскиот „Тутомеркатовеб“ кој се повикува на високи извори од Мадрид, Кенан Јилдиз е целта на Чави Алонсо и Флорентино Перез за засилување во текот на летниот трансфер период. Како што пренесуваат италијанските и шпанските медиуми, секој еден играч во белиот дрес е можно да биде жртвa за турскиот играч од навалната линија, освен Килијан Мбапе.
Најавите одат и до таму што веќе се споменува продажба на Винисиус или Родриго за ангажман на дваесет годишниот играч на Јувентус, кој има постигнато 18 гола и 15 асистенции на 94 натпревари. Агентот Џовани Бранкини, во изјава за АС изјави дека Чави Алонсо веќе го известил Перез дека желба број еден му е Јилдиз, а за преселба во Мадрид, тимот од Торино ќе бара нешто повеќе од 100 милиони евра.
Пред натпреварот во средата, Алонсо не штедеше зборови за пофалби за турскиот играч:
Јувентус има многу добри играчи и несомнено еден од нив е Јилдиз. Фантастично се развива, го познавам одамна, беше во Баерн Минхен уште кога јас бев таму. Да се гледа како напредува навистина ме прави среќен.
Ваквите најави дополнително ги разгореа трансфер најавите за Винисус и Родриго на островот, па така денес излегоа првите вести за интерес на Манчестер Јунајтед за Винисиус, а веќе одамна постои интерес за Родриго од Сити и Тотенхем.