НОА ЛАНГ КРЕВА БУНТ ПРОТИВ КОНТЕ ВО НАПОЛИ?
Објавено на: 22.10.2025
Што ти е лоша карма… Си заминуваш од својот клуб, играш против него уште во првите месеци по заминувањето и те „треснува“ 6:2 на домашен терен. А за да биде комплетирана целата приказна, по крајот на натпреварот откриваш дека не ти оди баш најдобро со тренерот.
Ноа Ланг, крилниот напаѓач на Наполи кој летово пристигна во Неапол за 25 милиони евра, откри дека нема добар однос со својот тренер, додавајќи дека има разговарано со него само еднаш „очи во очи“ откако пристигнал во клубот.
Статистичарите изброеле дека одиграл само 110 минути на шест натпревари и тоа влегувајќи како замена. По натпреварот, тој изјави:
Секој сака да игра повеќе, а јас навистина не знам што повеќе да направам. Мислам дека најдобро е да молчам.
На прашањето каков однос има со Конте, тој одговори:
Со него сум разговарал само еднаш.
На тоа, не остана покус ни „стариот“ италијански стратег, кој испровоциран од медиумите возврати:
Ланг ја одигра цела претсезона со нас, започнувајќи многу натпревари. Но пак да повторам, јас разговарам за тимот како во целина, не за индивидуалци. Ноа треба да тренира и ќе игра која јас ќе кажам дека ќе игра. Во спротивно, ќе остане на клупата.
Наполитанците со разнишана форма влегуваат во дербито против Интер кое ќе се одигра во сабота во 18:00 часот.