Кошарка

ЅВЕЗДА НА ШАРЛОТ ОДЕДНАШ Е ПОНИЗОК ЗА 7,5 САНТИМЕТРИ

Клон Секстон, кошаркарот на Шарлот хорнетс, одеднаш е понизок за дури 7,5 сантиметри според последните мерења во НБА лигата.

Бекот кој во 2018 година беше осми пик на драфтот, до денес официјано се водеше дека е висок 190,5 сантиметри, но сега официјално е висок 183 сантиметри откако се ажурираа неговите податоци кои ги изнесе лигата. Се претпоставува дека разликата во висината може да е последица на новата методологија на мерење во НБА.

За разлика од Секстон, Виктор Вембењама порасна за пет сантиметри во текот на летото и се претпоставува дека Французинот може да продолжи да расте до дури 231 сантиметар.