НОВ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ НА ИГОР ЗА ОВОЈ ДЕРБИ ВИКЕНД
Објавено на: 17.10.2025
Знак дека клупскиот фудбал се врати е дебелината на нашиот билтен, исполнет со повеќе страници и стотици натпревари и игри кои сега Игор Трпески ќе ги искористи да атакува на солидна добивка. Цел викенд ќе се следат со дерби-натпревари од топ 5 лигите во Европа, па затоа Игро не смееше да ги пропушти токму со нив да изготви нов добитен предлог-тикет.
Ова е неговата визија:

НОТИНГЕМ ФОРЕСТ – ЧЕЛСИ: Победа гостин
Челси го надигра англискиот првак пред репрезентативната пауза и поради тоа Игор има доверба во составот на Енцо Мареска дека и сега може да се избори позитивен резултат. Иако Сините се мачат со повреди, Палмер повторно ќе недостасува, сепак тоа не би требало да претставува проблем бидејќи светкиот шампион покажа дека може и без својот најдобар играч.
ЛИВЕРПУЛ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: Гол-гол и 3+
Историски гледано ова е најголемото дерби во Англија, па затоа секогаш се очекуваат многу голови, возбуда и драма до последен момент. „Енфилд“ сигурно ќе приреди пеколен пречек за Црвените Ѓаволи, кои пак уште се мачат да влезат во стабилен победнички ритам.
БАРСЕЛОНА – ЖИРОНА: 1-3 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме
Барселона е десеткувана откако доста првотимци пријавија повреди на враќање од репрезентативниот циклус, а меѓу главните актери недостасува и Роберт Левандовски. Сепак, Рафиња и Јамал заедно со Педри треба да го предводат составот на Каталонците, па затоа се очекуваат погодоци во двете полувремиња.
РОМА – ИНТЕР: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме
Интер влегува како фаворит во дербито на „Олимпико“, не само поради квалитетот, туку поради и меѓусебниот скор со Рома во последните 10 меча, од кои тимот кој сега го предводи Киву славеше во 8 од нив. Без разлика што Рома ја има моментално најдобрата одбрана во Серија А, многу веројатно е дека нападот на Интер предводен од капитенот Лаутаро ќе успее барем еднаш да ја затресе мрежата на домаќините.
АТАЛАНТА – ЛАЦИО: Гол-гол
И во Бергамо се игра дерби, а кај Божицата гостува Лацио кој е во непрепознатлива форма. Во два од последните пет меѓусебни дуели двете екипи не успеале да постигнат барем по еден гол, но очекувањата се дека во оваа средба тоа нема да биде случајот.
БАЕРН МИНХЕН – ДОРТМУНД: Гол-гол и 3+
Првиот „Дер Класикер“ сезонава треба да ги исполни очекувањата и да приреди вистинско дерби со погодоци. Баерн е неприкосновен по шест кола со исто толку победи, но и Милионерите се непоразени со тоа што во два наврати кикснаа за реми.

Со 200 денари блог се добива солидна потенцијална добивка, па доколку и вие сакате да ја искористите визијата на Игор, можете да го сторите тоа до утре пред 13:30 часот.
КОД: 204377