НЕМА ВЕЌЕ БЕСПЛАТНИ АВТОГРАМИ: НА ЈАМАЛ ПАРИТЕ МУ СЕ ПРЕД ФУДБАЛОТ
Објавено на: 17.10.2025
Ламин Јамал иако има само 18 години и допрва треба да ги освојува фудбалските височини, раниот подвиг во кариерата како да му го помати умот, па овој потег што го направи го направи капиталист и лаком по пари во очите на јавноста.
Отсега Јамал повеќе нема да дели бесплатни автограми, дури ни за најмладите фанови на Барселона кои во него гледаат како идол. Младата шпанска ѕвезда е блиску до соработка со компанија која ќе му креира платформа преку која Јамал ќе може да ги продава своите автограми. Сепак, наместо масовна продажба, автограмите би биле во ограничен број со цел да држат што е можно повисока цена, за „десетката“ на Барса да има константен пасивен приход.
Замислете како ќе им биде на најмладите фанови на Барселона кои ја гледаат младата ѕвезда на Каталонците како нивен идол од новата генерација, кога ќе разберат дека Јамал нема да им го потпише дресот ако не платат…