ХАЈЛАЈТС ОД РЕМИТО СО БЕЛГИЈА И КОМЕНТАР НА АТАНАС КОСТОВСКИ
Објавено на: 10.10.2025
Како изгледаше првиот пат кога игравме со Белгија? Еве подолу мал рекапитулар и видео содржина.
Во првите 11 настапуваа: Данчо Целески, Чеде Јаневски, Зоран Јовановски, Љупчо Марковски Калц, Илија Најдоски, Вујадин Станојковиќ, Митко Стојановски, Бошко Ѓуровски, Тони Мицевски, Зоран Бошковски и Милко Ѓуровски.
Денес ќе играме трет меѓусебен дуел со „ѓаволите“ по оваа прва средба, а следната беше во квалификациите за Светското првенство во 2014. Тогаш, Зоран Бошковски Чоко, првиот стрелец на гол во македонската репрезентација ги постави конечните 1:1, а коментарот на МТВ одеше со легендарниот Атанас Костовски.
Погледнете и уживајте: