ПИКСИ СИ ДАДЕ ОСТАВКА СРЕД НАТПРЕВАР?
Објавено на: 11.10.2025
Долго време столчето на српскиот селектор му беше „под оган“ по серијата на лоши натпревари на српската репрезентација, но српските медиуми јавуваат дека Пикси си заминал на сред натпревар.
Според репортерите на „Спорт Клуб“, Драган Стојковиќ на скандирањата „Пикси оди си“ возвратил со поздрав со две раце кон навивачите и се упатил кон соблекувалните. Од тој момент, тимот го предводел неговиот помошник Братислав Живковиќ, а камерите не го фатија српскиот селектор до крајот на натпреварот на клупата.
Се очекуваат изјавите за медиумите за да се потврди дали навистина Пикси си замина од селекторската позиција на Србија.