ЗА ПРВПАТ ВО 23-ГОДИШНАТА КАРИЕРА: ЛЕБРОН ГО ПРОПУШТА СТАРТОТ НА СЕЗОНАТА
Објавено на: 10.10.2025
Леброн Џејмс и дефинитивно ќе го пропушти стартот на сезоната во НБА, што е невообичаено за него бидејќи ова му се случува за првпат во неговата 23-годишна кариера. Никогаш претходно популарниот Крал не испуштил да го одигра првиот натпревар од една сезона, но за жал поради повреда ќе отсуствува од терените во првите две до три недели на стартот од регуларниот дел во сезоната 2025/26 во НБА.
Станува збор за повреден нерв на десната нога која го спречува да се движи нормално, па медицинскиот тим на Езерџиите работи на случајот да го врати во натпреварувачки погон што е можно поскоро. Инаку, Џејмс ќе постави рекорд во НБА како единствен кошаркар кој ќе одигра барем 23 сезони во најсилната кошаркарска лига во светот, а уште поимпресивен е фактот што и на 40 години важи за еден од најдобрите.
Сезоната во НБА почнува на 22 октомври, Лејкерси на домашен терен ја отвораат сезоната во калифорниското дерби против Голден стејт вориорс.