„ЦРКОВНИОТ МЕСИ“ – СВЕШТЕНИК ОД СУТОМОРЕ СТАНА ХИТ ОТКАКО ГИ ПОКАЖА ФУДБАЛСКИТЕ ВЕШТИНИ (ВИДЕО)
Објавено на: 24.09.2025
Марјан Петковски, свештеникот од Сутоморе, стана хит на социјалните мрежи откако ги покажа своите фудбалски вештини. Цел Балкан брзо дозна за „црковниот Меси“, по виралното видео на кое свештеникот Марјан жонглира како професионалец, правејќи им забава на децата, но и сите присутни.
Сепак, Марјан не ги научил триковите случајно, туку според црногорските медиуми свештеникот од Сутоморе професионално се занимавал со фудбал, пред да се препушти на религијата.
View this post on Instagram