Фудбал

ЕКИТИКЕ, „ЛЕГЕНДО“ – ЈА ЗАСЛУЖИ НАГРАДАТА ЗА НАЈГЛУПАВО ИСКЛУЧУВАЊЕ (ВИДЕО)

Ливерпул вчеравечер се помачи за пласманот во четвртото коло од англискиот Лига Куп, славеше со 2-1 против второлигашот Саутемптон, а победата ја донесе Уго Екитике во финишот од средбата.

Токму францускиот напаѓач е главна тема во јавноста моментално, поради непромислениот потег за да биде исклучен од средбата. Екитике го прослави голот за 2-1 така што го соблече дресот и го покажа на навивачите, а во ниту еден не се сети дека веќе има заработено жолт картон. Кога му стана јасно што направи, веќе беше доцна, судијата му покажа втор жолт картон и го исклучи во 86-тата минута од натпреварот.

За ситуацијата да биде уште повеќе трагикомична, првата санкција на Екитике беше поради неспортско однесување, односно избунтува во ситуација во која сметаше дека треба да добие прекршок во негова корист, а не го доби, па фрустрирано ја удри топката со бокс, по што арбитарот мораше да го смири со жолт картон.

Да имаше награда за најглупаво заработен црвен картон, Екитике дефинитивно ќе ја добиеше без конкуренција.