Фудбал

ШТЕТА: ВО ДЕБИТО ЗА АНГЛИСКИОТ ПРВАК ГИ СКИНА ЛИГАМЕНТИТЕ НА КОЛЕНОТО

Џовани Леони претходно летово си го исполни сонот да потпише за Ливерпул, откако беше проценет за еден од најперспективните млади дефанзивци во Европа. За дебито во црвениот дрес мораше да почека, не доби шанса да заигра во Премиер лигата и во првото коло во Лигата на шампионите, но Арне Слот вчера му овозможи да биде стартер против Саутемптон во третото коло од Лига купот.

Леони до 80-тата минута имаше одличен настап, иако Црвените примија гол за 1-1 неколку минути пред тоа. Сепак, предвреме мораше да го заврши мечот откако се здоби со повреда на коленото и мораше да биде изнесен од теренот на носилки. Денес стигнаа катастрофални вести за него и за англискиот шампион, скинати се вкрстените лигаменти, што значи дека Италијанецот го очекува пауза од неколку месеци. Ако се земе во предвид просекот на период за закрепнување и враќање во натпреварувачки ритам на еден професионалец, Леони не би требало да заигра фудбал пред февруари 2026 година.

Штета за 18-годишниот стопер…