Кошарка

ДОНЧИЌ ВИНАТА ЗА ПОРАЗОТ ЈА БАРАШЕ ВО СУДИИТЕ, ПА ГИ ПЦУЕШЕ НА СРПСКИ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ вчеравечер одигра рекордна партија на Евробаскетот, меѓутоа сам не можеше да ја совлада Германија во четвртфиналниот меч кој заврши со конечни 99:91 во корист на актуелниот светски шампион.

Ѕвездата на ЛА лејкерс постигна дабл-дабл од 39 поени и 10 скока, поставувајќи рекорд за прв кошаркар кој во четвртфинален дуел на еден Евробаскет стигнал до оваа бројка на поени. Словенците дури имаа и највисоки +13 поени предност во почетокот од втората четвртина, сепак не издржаа во клучни моменти.

Дончиќ во текот на целиот натпревар имаше проблем со судиите, сметаше дека беспотребно му досудија два фаули, односно доби техничка на стартот од мечот поради приговор состоен од еден збор „ало“, како и еден аматерски фаул во напад во третата четвртина по кој ја заработи четвртата лична грешка. Во еден момент Лука направи и гестикулација кон судиите со раката, сугерирајќи дека се поткупени да судат во корист на Германците, а по крајот на натпреварот кога победникот беше јасен, гледаше кон арбитражниот тим и ги пцуеше на српски јазик.

„Матер да би е*ам“, јасно се разбра според снимката, иако не се слуша како ја изговара пцовката.