Фудбал

ФУДБАЛСКИТЕ НАВИВАЧИ ШУРУМ СВЕТОТ ВО БУНТ ПО СТРАОТНИОТ АТЕНТАТ ВО ЈУТА: МУНДИЈАЛОТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ОДРЖИ ВО САД!

На вчерашниот политички собир на Универзитетот во Јута, организиран од страна на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, извршен беше атентат врз спикерот и гласникот на движењето „Make America Great Again“. Кирк на 31 година почина набрзо откако беше погоден директно во вратот додека беше на сцената, а атентатот предизвика огромен хаос низ САД.

Благодарение на социјалните медиуми, веста експресно се рашири глобално, од сите страни доаѓаа секакви реакции, а меѓу нив беа и фудбалските фанови ширум светот кои гласно се побунија дека Светското првенство кое идната година треба да се одржи во САД, Канада и Мексико, не смее да одржи на американско тло.

Овие три земји следното лето треба да вгостат милиони фанови од сите страни на планетата за најголемиот фудбалски собир, но очигледно навивачите уште од сега не се чувствуваат безбедно да присуствуваат на натпреварите на своите репрезентации кои ќе се играат на веќе одбраните стадиони во САД.

Напоредно, редовно стигаат информации за пукања и масакри во училишта и јавни места, во САД секојдневно се случуваат бесмислени убиства, па фановите сметаат дека земјата не е подготвена да организира спортски настан од ваков карактер и притоа да гарантира безбедност и да спречи потенцијални немили сцени.