„ИЗВИНИ, НО МОРА ДА ТИ ДАДАМ ГОЛ ИЛИ ДВА… ИЛИ ПЕТ“
Објавено на: 10.09.2025
Молдавија вчеравечер го доживеа еден од најтешките порази во својата фудбалска историја, на гостувањето во Осло загуби со 11-1 од Норвешка, меч во кој Ерлинг Халанд постигна пет, а Асгард четири од вкупно 11 погодоци.
По мечот, голманот на Молдавците, Кристијан Аврам, даде интересна изјава и откри што се случувало за време на натпреварот.
„Многу ми беше чудно, Халанд ми се извинуваше при секој постигнат гол. Ми повтори неколкупати дека не сум ја виновен за дебаклот, туку дека нему му беше цел да постигне што е можно повеќе голови бидејќи неговата репрезентација бркаше гол-разлика“, истакна молдавскиот чувар на мрежата.
Сте виделе или прочитале некогаш, напаѓач да му се извинува на противнички голман затоа што му ја наполнил мрежата?