ПО ГРЧКА ВРСКА, ШУМАРИТЕ ЕКСПРЕСНО ДОБИЈА НОВ ТРЕНЕР
Објавено на: 09.09.2025
Анге Постекоглу е експресната замена за Нуно Еспирито Санто на клупата на Нотингем форест. Австралискиот стратег со грчки корени се враќа во Премиер лигата откако на крајот на минатата сезона беше отпуштен од кормилото на Тотенхем и покрај освојувањето на Лигата на Европа.
Газдара Маринакис брзо реагираше по разрешувањето на Еспирито Санто, а од Постекоглу очекува комплетна промена на фудбалската философија која Шумарите ќе мора брзо да ја научат и да бидат подготвени за претстојниот викенд.
Форест во сабота ќе гостува во северниот дел на Лондон кај вицешампионот Арсенал, што го прави ангажманот на Постекоглу уште поинтересен како екстренер на најлутиот ривал на Топчиите.