Фудбал

НОВ БЛАМ НА ОНАНА: БЕШЕ ВИНОВНИК ЗА ПОРАЗОТ НА КАМЕРУН, ПА СЕ ЗАПРЕЧКА СО НАВИВАЧ КОЈ САКАШЕ ДА СЕ СЛИКА СО НЕГО (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Камерун доживеа разочарување на вчерашното гостување кај Зеленотрски Острови, каде што беа поразени во директната битка за првото место во квалифкациската група и пласман на Мундијалот 2026.

Главниот виновник за поразот на Камерун од 0-1 беше голманот Андре Онана, кој во акцијата на домаќините не беше добро поставен пред својот гол и прими евтин погодок. Исфрустриран од резултатот, Онана сакаше што побрзо да го напушти теренот по последниот судиски свиреж, кога еден од домашните навивачи тргна да направи селфи со новиот голман на Трабзонспор, позајмен од Манчестер јунајтед.

Онана прво со лакт го оттурна гледачот, а овој за возврат замавна кон Камерунецот со шише.