ТИПУВАМЕ

ИГОР КОМБИНИРАШЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ФУДБАЛ И КОШАРКА ВО НОВИОТ ТИКЕТ НА КОЛОТО

За денешниот предлог-тикет Игор Трпески ќе ги искористи последните квалификациски дуели за Мундијалот 2026 кои ќе се играат месецов, а напоредно ја користи шансата да погоди точни исходи во четвртфиналните парови на Евробаскетот.

Нашиот билтен како и секогаш беше полн со избор, но тој се одлучи да ги типува најатрактивните натпревари и во фудбал и во кошарка.

Вака изгледа неговиот нов предлог-тикет:

СРБИЈА – АНГЛИЈА: Гол-гол

Дербито на денот ќе се игра во Белград, каде што фаворизираната Англија ќе се обиде да ја продолжи победничката серија на пет меча во квалификациската група К. Само еден меѓусебен на овие две селекции, на ланското ЕП Гордиот Албион славеше со минимални 1-0, но денес е потребно двата тима да постигнат барем по еден гол.

УНГАРИЈА – ПОРТУГАЛИЈА: 3+ гола

Од далечната 1966 година кога овие две селекции првпат се сретнале, Португалија негува серија без пораз на девет меча, односно изборени се осум победи и едно реми. А, ако се гледаат само последните пет меѓусебни дуели, на четири од нив имало три или повеќе гола, па токму таков исход се очекува и сега, без разлика во чиј гол ќе заврши топката.

ЧЕДИ ОСМАН (ТУРЦИЈА): Вкупно поени повеќе од 15,5

Иако Полска воопшто не е наивна, Турците се фаворити во овој четвртфинален дуел на Евробаскетот и се очекува селекцијата на Атаман да се најде во топ 4 фазата од шампионатот. Секако, за да се стигне до таму, потребна е блескава партија од носителите на турскиот состав, најмногу од Чеди Осман кој треба да постигне повеќе од 15 поени на мечот.

ЧИЛЕ – УРУГВАЈ: 0-2 гола

Чиле доживува историски пад и веќе одамна се знае дека нема да игра на Мундијалот во САД следната година, додека пак Уругвај е меѓу селекциите од Јужна Америка кои веќе се пласирани. Ретко се случува дуел на овие две селекции да има два или помалку гола, но токму сега ќе се игра мирен фудбал со оглед на тоа дека се знаат судбините и на двата тима.

ФИНСКА – ГРУЗИЈА: Вкупно поени повеќе од 163,5

Ретко кој очекуваше дека Финска и Грузија ќе се борат за пласман во полуфиналето, но и двете селекции заслужија да се најдат во одбраното друштво откако изненадија во осминафиналето каде што ги елиминираа селекциите кои атакуваа на медал, Србија и Франција. Веројатно Грузијците имаат поголеми шанси за пласман понатаму поради искуството, но Марканен и дружината се спремни повторно да изненадат, а сето тоа може да резултира со висок број на поени.

ГЕРМАНИЈА – СЛОВЕНИЈА: Прва четвртина да има повеќе од 44,5 поени

Лука Дончиќ против актуелните светски шампиони – дуел кој ветува драма и неизвесност до самиот крај, покрај квалитетна кошарка во која се очекуваат висок број на поени. Но, наместо да се чека крајот на мечот, потребна е ефикасност од двете екипи во првата четвртина.

Игор стандардно го уплаќа тикетот со 200 денари, а колку ќе вложите вие е сосема ваш избор. Доколку сакате да го препишете, искористете го кодот за брза уплата до денес до 16 часот, пред почетокот на првиот натпревар.

КОД: 71723