МАЈКЛ, МОЛЧИ ТЕ МОЛАМ: ПРЕДЛОГОТ НА АНГЛИСКАТА ЛЕГЕНДА ЕКСПРЕСНО ПОБИЕН (ВИДЕО)
Објавено на: 03.09.2025
Изминатиот викенд посведочивме на мајсторството на Доминик Собослаи, Унгарецот го реши дербито меѓу Ливерпул и Арсенал во Премиер лигата со фантастичен погодок од слободен удар од повеќе од 25 метри далечина. Раја беше немоќен иако будно го следеше ударот кој го испрати фудбалерот на домаќините, меѓутоа топката избега од него и со помош на дирекот се затресе мрежата на Топчиите.
По дербито, Мајкл Овен како еден од аналитичарите за премиерлигашките натпревари, даде предлог околу поставеноста на живиот ѕид кога се работи за слободни удари од далечина каква што беше во ситуацијата пред голот на Собослаи. Имено, англиската фудбалска легенда смета дека живиот ѕид повеќе им одмага на голманите отколку што им помага, па предложи дека нема потреба да се редат фудбалери и да го блокираат периферот на играчот што треба да шутира во ситуации кога слободниот удар се изведува од повеќе од 27 метри.
Сепак, неговиот предлог веднаш му се удри од глава благодарение на Вил Рајт, фудбалерот на Свиндон. Рајт во мечот против Ридинг се најде во слична прилика како Собослаи да изведе слободен удар од иста далечина, само што сега противничките фудбалери немаа поставено жив ѕид. За фудбалерот на Свиндон целата ситуација делуваше како пенал, па испрати проектил и погоди за победа на Свиндон од 3-2 против Ридинг, додека гостинскиот голман стоеше и немоќно ја гледаше како топката влегува во неговиот гол.
🚀 Will Wright with a screamer for @Official_STFC 😮💨#EFL | #VertuTrophy pic.twitter.com/wrnRxF6cYf
— Vertu Trophy (@VertuTrophy) September 2, 2025