НОВИОТ ГОЛМАН НА ЈУНАЈТЕД ЗА МОМЕНТ ГИ „СМРЗНА“ НАВИВАЧИТЕ (ФОТО)
Објавено на: 03.09.2025
Сени Ламенс, 23-годишниот перспективен белгиски голман, во последниот ден од летниот преоден рок го оствари трансферот на кариерата потпишувајќи за Манчестер јунајтед.
Црвените ѓаволи исплатија сума од 21 милион евра до Антверп за услугите на „идниот Кутроа“, како што промовираат во неговата родна земја. Ламенс треба да биде замена за Андре Онана и Алтај Бајиндир, откако и двајцата се покажаа дека немаат доволно квалитет да го чуваат голот на великан каков што е Манчестер јунајтед.
На денот на неговата промоција на „Олд трафорд“, Ламенс се појави со неговиот агент Марк Волдерс. Првите фотографии од потпишувањето на договорот ги објави токму со Волдерс, кој наликува на еден непосакуван човек кој до неодамна беше голем проблем во клубот.
Имено, навивачите на Јунајтед веднаш се активираа со коментари од типот, „За момент помислив дека е Тен Хаг“, „Ох, Господе помогни ни, Тен Хаг се врати…“, и слични реакции. Волдерс навистина наликува на Ерик Тен Хаг на прв поглед, екстренерот на Јунајтед кој во текот на минатата сезона беше разрешен од функцијата и летово доби ангажман во Баер Леверкузен, од каде што исто така доби отказ по само 62 дена работа.
View this post on Instagram
Што мислите вие, дали Волдерс навистина личи со Тен Хаг?