Фудбал

ПОТПИША СО ЦЕЛ ДА ИГРА ВО ЛШ, А ТРЕНЕРОТ ГО ИЗОСТАВИ ОД СПИСОКОТ

Младиот Факундо Бонаноте сезоната ќе ја помине во Челси, откако Брајтон во последниот ден од летниот преоден рок се согласи на позајмица за негова привремена преселба во редовите на светскиот првак. Аргентинскиот интернационалец примарно ја прифати понудата на Сините поради што екипата оваа сезона се враќа во Лигата на шампионите, а нему му е сон да игра токму во најелитното континентално натпреварување во светот.

„Потпишувањето за Челси е голем чекор во мојата кариера, среќен сум што сум тука и се надевам дека ќе можам да придонесам во целите кои ги постави клубот за оваа сезона. Исто така сум среќен што ќе имам прилика да играм во Лигата на шампионите, што воедно беше и мојот сон“, истакна Бонаноте на промоцијата.

Сепак, младиот Факундо вчера мораше да се соочи со разочарување откако Енѕо Мареска, тренерот на Челси, одлучи да го изостави новиот играч од списокот фудбалери кои се регистрирани за Лигата на шампионите. Меѓу 23-цата играчи со кои Мареска ќе располага во лигашкиот дел, недостасува името на 20-годишниот крилен офанзивец, кој сега ќе очекува поголема минутажа во куп-мечевите, со оглед на тоа дека има огромна конкуренција да се наметне во првиот тим.