НЕВЕРОЈАТНО: ЈУНАЈТЕД ЈА ИСПРАВА ГРЕШКАТА НА МИНАТАТА УПРАВА, ДЕ ХЕА ПРЕД КАМБЕК?
Објавено на: 18.08.2025
Оперативците на Манчестер јунајтед ја отпочнаа последната мисија за овој преоден рок, а тоа е засилување на голманската позиција. Клубот по сите изгледи повеќе нема доверба во Андре Онана, додека Турчинот Бајиндир вчера во дербито против Арсенал покажа дека нема квалитет за да биде прва опција на голот кај Рубен Аморим.
Поради тоа, управата реши да ја исправи грешката на минатите оперативци, а тоа е да го вратат Давид Де Хеа во клубот, две години откако искусниот шпански голман го напушти „Олд трафорд“. Според информациите на повеќе англиски медиуми, Де Хеа има клаузула во договорот со Фиорентина која му дозволува да замине од Фиренца за „ситно“.
Де Хеа пред извесно време се појави пред публиката на „Театарот од соништата“ во пријателскиот меч на Фиорентина и Јунајтед, каде беше пречекан како клупска легенда, а навивачите му покажаа дека уште им е миленик.
Шпанецот имаше долга кариера во дресот на 20-кратниот англиски првак, од 2011 до 2023 година бранеше во 545 натпревари, со 590 примени погодоци и 190 меча со сочувана мрежа.