Фудбал

НЕЈМАР СЕ РАСПЛАKА ПО НАЈТЕШКИОТ ПОРАЗ ВО КАРИЕРАТА: СР*ЊЕ СМЕ! (ВИДЕО)

Нејмар вчеравечер го доживеа најтешкото понижување во кариерата, откако неговиот Сантос загуби со 0-6 дома против Васко Де Гама. Капитенот на домаќините се чувствуваше немоќно, даде реална изјава, а воедно не можеше да ги воздржи солзите по крајот на мечот и беше видно вознемирен.

„Големи се*ковци сме. Ова беше вистински дебакл, фановите со право нè вреѓаа, го прифаќаме тоа. Се чувствувам засрамено, никогаш во животот не сум доживеал вакво понижување“, истакна расплаканиот Нејмар по натпреварот.