ИГРАЧ НА ОЛИМПИЈАКОС БЕШЕ ПРЕАГРЕСИВЕН ВО ПРИЈАТЕЛСКИОТ МЕЧ, ЗА МАЛКУ ЌЕ „ЈАДЕШЕ“ ЌОТЕК ОД КОНТЕ (ВИДЕО)
Објавено на: 15.08.2025
Наполи вчера ја доби контролката против Олимпијакос со 2-1, но моментот кој најмногу ќе се памети од средбата е обидот на Антонио Конте да нападне играч на грчкиот шампион.
Имено, Рахмани ја имаше топката по десната линија и тргна да проигра соиграч, кога Ел Каби преагресивно влезе во дефанзивецот на Наполи и силно го удри по ногата. Овој веднаш падна на тревата и викна од болка, а Конте незадоволен од тоа што виде влезе во теренот да се пресмета со играчот на Олимпијакос.
За брзо настана мешаница во обид да го оттргнат италијанскиот стратег да не направи поголема глупост, а Ел Каби заработи заслужен жолт картон. Реакцијата на Конте можеби не е оправдана, но факт е дека се играше контролен натпревар во кој немаше потреба да се игра со толку груби и агресивни стартови.
🤬 Conte was furious with Olympiakos’ tackles on Napoli
— Italian Football TV (@IFTVofficial) August 14, 2025