Кошарка

ПРОБЛЕМИ ЗА ГРЦИЈА: МИЛВОКИ МУ ЗАБРАНИ НА ЈАНИС ДА ИГРА НА ЕВРОБАСКЕТОТ!

Милвоки бакс ѝ забрани на својата прва ѕвезда, Јанис Адетокумбо, да игра на Евробаскетот за селекцијата на Грција. Забраната доаѓа на помалку од две недели од стартот на континенталниот кошаркарски шампионат, ставајќи ги Грците во огромни проблеми кои целата игра ја базираат врз „грчкиот ѕвер“, како што го нарекуваат Јанис во НБА.

Причината за забраната е поради што грчката кошаркарска федерација наводно не исплатила осигурување до Милвоки, односно не е платено комплетно осигурување кое вклучува и операција при евентуална сериозна повреда.

На Бакси не им се ризикува да го загубат својот најдобар кошаркар во случај на повреда која може да ја добие во текот на шампионатот, па засега забраната е стапена на сила. Адетокумбо веќе е во Солун заедно со националниот тим на Грција, но не тренира со екипата и нема да игра на подготвителните натпревари додека ситуацијата меѓу Милвоки и федерацијата не се реши.