Фудбал

ИЗВЕСТЕТЕ ГИ СОПРУГИТЕ И ДЕВОЈКИТЕ КАКО ОВОЈ ФАН НА ЕВЕРТОН: ПОЧНУВА ПРЕМИЕР ЛИГАТА! (ФОТО)

Вечерва почнува 34-тото издание на Премиер лигата, шампионот Ливерпул отвора на домашен терен против Борнмут во 21 часот. Целиот ден во Англија ќе биде посветен на најатрактивната фудбалска лига во светот, а фановите на Островот и ширум светот имаат обврска да им соопштат важни информации на своите сопруги и девојки.

Овој фан на Евертон сериозно ја сфатил работата, па посветил внимание на соопштението кое ѝ го испратил на девојка му.

Пораката ја пренесуваме во целост:

„Драга Хана, се надевам дека си добро и дека уживаш на сонцето. Те молам прифати ја оваа порака како навремено известување, новата сезона во Премиер лигата стартува оваа недела, така што моето слободно време ќе биде лимитирано во следните 8 месеци. Ќе бидам послободен за време на репрезентативните паузи и ќе може да излегуваме во саботите за време на паузите, но нашите состаноци исто така ќе зависат и од мојата финансиска состојба. Би сакал да ја искористам оваа прилика да ти се заблагодарам за твојот труд да ми правиш друштво во текот на летниот период, но сега е време да му се посветам на моето семејство, Евертон (дома и на гости). Ти посакувам сè најдобро во иднина, би сакал да останеме во контакт. Искрен поздрав, Роб, твоето момче“.