Фудбал

РАШФОРД ГО НАПУШТИ ЈУНАЈТЕД, НО ЈУНАЈТЕД НЕ ГО НАПУШТИ РАШФОРД (ВИДЕО)

Барселона вчеравечер ги заврши претсезонските подготовки со убедлив триумф од 5-0 против Комо, па иако има доста хајлајтс од средбата, најмногу од сè ќе се памети промашувањето на Маркус Рашфорд.

Англискиот репрезентативец кој е на позајмица во редовите на каталонскиот гигант, го промаши невозможното од непосредна близина на празниот гол, кога сите учекуваа рутински да ја затресе мрежата.

Јамал одлично го проигра Рашфорд во празно, а овој добро се снајде да ги избегне голманот и еден од дефанзивците на Комо, па кога дојде моментот да ја смести топката во голот, шутот на Рашфорд помина блиску до дирекот.